Русија додаде уште пет држави на списокот „непријателски земји“

Русија го прошири списокот со „непријателски земји“, со уште пет држави, Хрватска, Словенија, Грција, Данска и Словачка.

Петт земји беа додадени на црната листа поради „непријателските дејствија против Русија, пред се против нејзините дипломатско-конзуларни претставништва“.
Земјите кои се додадени на списокот ќе бидат ограничени во ангажманот на соработници во амбасадите, конзулатите и државните претставништва на територијата на Русија.

– Списокот што го утврди Москва, не е конечен и може да се прошири со оглед на натамошните непријателски дејствија на државите, насочени против руските претставништва во странство – се наведува во владиното соопштение, објавено на каналот Телеграм.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.