Русија дури не ни започнала сè уште, Путин го предупреди Западот

Русија е подготвена да се вклучи во мировни преговори со Украина, изјави во четвртокот претседателот Владимир Путин, предупредувајќи дека оние кои ги отфрлаат таквите изгледи треба да сфатат дека продолжувањето на тековниот конфликт само ќе ги отежне таквите разговори.

„Ние не одбиваме преговори за мир, но оние што одбиваат треба да знаат дека колку понатаму одбиваат, толку потешко ќе биде да се преговара“, рече Путин, предупредувајќи ги оние кои можеби мислат дека Русија веќе ги исцрпила своите капацитети во услови на конфликт.

„Денеска слушаме дека сакаат да бидеме поразени на бојното поле. Па, што да кажам? Нека се обидат. Сè уште навистина не сме почнале ништо“, додада рускиот челник.

Путин, исто така, рече дека се чини оти Западот всушност е подготвен да „се бори до последниот Украинец“, што според него е „трагедија“ за украинскиот народ.

Претседателот го обвини НАТО предводен од САД за тековниот конфликт, нагласувајќи дека се загрозени постојаните напори на Русија да создаде фер меѓународен безбедносен систем.

„Иницијативите за заедничка работа на ракетната одбрана се отфрлени, а предупредувањата за неприфатливоста на проширувањето на НАТО, особено на сметка на поранешните советски републики се игнорирани“, рече Путин.

„Ако целта на Западот беше да предизвика конфликт меѓу Русија и Украина, очигледно успеа во тоа“, призна Путин. На стратешко ниво, сепак, Западот веќе загуби кога Москва ја започна својата воена операција во Украина, додаде Путин.

„Требаше да сфатат дека веќе изгубија од самиот почеток на нашата специјална воена операција, бидејќи нејзиниот почеток значи и почеток на целосно рушење на американскиот светски поредок“, рече Путин и додаде дека тековниот дефект „не може да се запре“.