Русија ќе ја уништи американската воена опрема испратена во Украина

Руските војници ќе ја уништат сета американска воена опрема што и е испорачана на Украина, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

На брифингот во Москва, таа исто така нагласи дека обидите на западните земји за експропријација на руските средства се во спротивност со нивните сопствени закони и ризикуваат да го поткопаат меѓународниот финансиски систем.

Захарова овие обиди ги опиша како неоколонијални и дел од хибридната војна што, според неа, Западот ја води против Русија.