Русија ќе ги повлече своите трупи од границата со Украина до 1 мај

35

Врховната воена команда на Русија од утре почнува со процесот на враќање на војниците во нивните постојани бази во државата, со образложение дека „брзиот преглед“ на состојбата на силите на југ и запад, близу границата со Украина, бил успешно завршен.

-Верувам дека целите за брз преглед на состојбата на воените сили се целосно постигнати. Војниците ја покажаа својата способност да обезбедат кредибилна одбрана на земјата – изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Тој додаде дека е донесена одлука да се прекинат активностите на воените сили во јужните и западните воени области и дека војниците ќе се вратат во своите бази до 1 мај.

По набљудувањето на воените вежби на Крим, Шојгу нагласи дека армијата мора да биде подготвена брзо да одговори во случај на „неповолен“ развој на ситуацијата во рамки на воената вежба на НАТО „Бранител на Европа“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.