Русија ќе ги заобиколи санкциите на златото со нови пазари

Потезите на земјите членки го групата Г7 за забрана на увозот на руското се „незаконски“ и Русија ќе побара други пазари за да ги заобиколи санкциите, рече во понеделникот одговарајќи на новинарски прашања портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Според портпаролот на рускиот претседател, доколку еден пазар ја загуби својата привлечност, постојат и други со покомфорни и позаконски економски правила, коментирајќи ги заканите на западните земји за блокирање на извозот на руското злато.

„Пазарот на благородните метали е глобален, тој е доста голем, обемен и исклучително разновиден. И, како и сите други стоко, кога еден пазар ќе ја загуби својата привлечност поради нелегитимни одлуки, ќе се случи пренасочување онаму каде што е поголема побарувачката“, појасни Песков.

Во неделата беше објавено дека Велика Британија, САД, Канада и Јапонија ќе престанат да увезуваат злато од Русија, но дека одлуката нема да се однесува на веќе нарачаните и купените количества.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во неделата како и повеќето економски аналитичари беше претпазлив во разговорите за забрана на увозот на руското злато.

„Кога станува збор за златото, подготвени сме да разговараме за поединости и да утврдиме дали е можно да се цели златото така што ќе ѝ нанесе штети само на руската економија а да не настрадаме ние самите“, рече Мишел.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.