Русија ќе му испорача на Иран софистициран сателит

Русија ќе му испорача на Иран софистицирна сателит, што во многу ќе ги подобри капацитетите на Техеран за шпионажа, објави во четвртокот американскиот дневен весник The Washington Post.

Сателитот „Канопус V“ е опремен со камера од ултрависока резилуција, што ќе му овозможи на Иран да ги надлгедува локациите на своите противници на Блискиот исток, наведува весникот повикувајќи се на сегашни и американски и блискоисточни неименувани функционери.

Оваа информација е објавена сега во рамките на американската медиумска кампања во пресрет на самитот во Женева во 16-ти јуни меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Џо Бајден, во настојувањата да се изврши притисок врз руската страна,

Сателитот кој би можел да биде лансиран во следните месеци, ќе биде лансиран од Русија, се тврди во написот на The Washington Post.

Се додава дека иако тој ги нема капацитетите на американските шпионски сателити, тој на Иран ќе може да му користи за шпионирање. Стручњаците се загрижени, бидејќи ќе може да споредлива информации со Јемен, Сирија, Ирак и Либан.

Покрај тоа, оваа информација е објавена во моментите кога се водат деликатните преговори меѓу големите сили за спасување на меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма од 2015 година.

САД истапија од овој договор во мандатот на претседателот Доналд Трамп во мај 2018 година кога беа вратени санкциите за Иран. Техеран, откако европските потписнички на договорот не успеаја да ја заштитат иранската економија од американските санкции, започна со суспендирање на некои свои одредби од договорот. Администрацијата на новиот американски претседател Џо Бајден изрази подготвеност повторно преговарање а не враќање во нуклеарниот договор под претходните одредби, што не е многу различно од намерите на претходната администрација.