Русија ќе се меша во изборите во САД, се шегуваше Путин

Не е исклучено Русија да се вмеша во наредните избори во САД, шеговите одговори рускиот претседател Владимир Путин, одговарајќи на новинарско прашање кое му беше поставено во средата во текот на неговото обраќање на форумот Руска енергетка неделата во Москва.

Дописничката на американската телевизиска мрежа NBC News, Кира Симонс, го праша Путин дали Москва се обидува да се меша во американските претседателски избори во 2020 година.

„Во доверба ќе ви кажам: да, дефинитивно ќе го направиме тоа“, рече Путин, продолжувајќи по куса пауза: „За конечно да ве развеселиме вас таму, онака како што треба… Само, не кажувајте никому. Важи?“, одговори Путин во текот на настапот кој беше пренесуван на интерернет.

Веднаш потоа, осврнувајќи се на прашањето со сериозен тон, рускиот челник продоложи: „Знаете, ние имаме доволно свои проблеми, ангажирани сме во решавањето на внатрешните проблеми и, пред сѐ, насочени сме кон тоа“.

Коментирајќи ја изјавата на поранашениот американски специјален обвинител Роберт Мјулер кој ја истражуваше наводната руска вмешаност во претседателските избори во САД во 2016 година, кој рече во вторникот дека не нашол „доволно јасни“ докаи за повраност на Москва со кампањата на Доналд Трамп но даде претпоставка дека Русија би можела да се вмеша во идните избори во 2020-та, Путин кусо одговори „Highly likely (многу веројатно) – тоа веќе го слушнавме“.

Путин всушност го употреби изразот кој своевремено како главен „доказ“ за наводното учество на Москва во труењето со нервен гас на поранешниот двоен шпион Сергеј Скрипал во Англија, го користеше поранешната британска премиерка Тереза Меј.

Според рускиот челник, неговата земја е вовлечена во американските политички пресметки многу одаман пред Доналд Трамп да стане претседател.

„Бевме вовлечени во внатрешнопололитичките препукување во САД уште воопшто да го запознаеме претседателот Трамп“, рече Путин одговарајќи на сетото прашања за односите меѓу Русија и САД, кои опфатија и прашања за безбедноста, енергијата и економијата.