Русија ги бара наодите на Германија за труењето на Навални

Канцеларијата на рускиот генерален обвинител во средата побара од германското Министерство за правда да ги обезбеди резултатите од сите медицински тестови спроведени врз лидерот на руската опозиција, Алексеј Навални. Минатата недела, обвинителот ги побара информациите што ги прибрала Германија за состојбата и дијагнозата.

Според локалниот весник РБЦ, рускиот обвинител бара да ги види резултатите од деталните тестови за токсикологија, тестовите на отрови, тешки метали и инхибитори на холинестеразата.

Опозицискиот лидер беше пренесен во болница на 20 јули, по сомнеж за труење. Два дена подоцна, руските лекари одобрија Навални да биде пренесен во Германија, каде беше примен на лекување.