Русија ги гласа уставните измени со кои Путин ќе може да владее до 2036 година

Рускиот Далечен Исток денеска излезе да ги гласа измените во Уставот на земјата, и покрај мерките на претпазливост против коронавирусот. Се гласаат уставните измени, што ќе му овозможат на претседателот Владимир Путин да остане на функцијата до 2036 година, без ограничувања. За да се избегне ризик од инфекцијата со Ковид- 19, гласачките места се отворија во дворовите, во градот Петропавловск-Камчатски.

  • За сега, се што е направено од властите и од претседателот Владимир Путин, помага. Која друга земја може да им овозможи на луѓето да не работат, за да го спасат сопственото здравје? Тоа не се случило никаде – Ирина Бехаева- жителка на Петропавловск- Камчатски.
  • Се разбира дека сакаме да веруваме во светла иднина, дека нашите деца ќе бидат заштитени, дека ќе ја постигнеме стабилноста. Гласањето е важно, бидејќи иднината на Русија е во прашање – Викторија Гаврилова- жителка на Петропавловск-Камчатски.

На гласачите им беа обезбедени маски, ракавици за еднократна употреба и пенкала.

  • Луѓето можат да излезат на гласање на отворено. Тука имаат помалку ризици да се заразат од новиот корона вирус. За да ги заштитиме гласачите, дистрибуираме маски , ракавици, пенкала за еднократна употреба и санитари – Зоја Фролова- шеф на изборна комисија за окрузи.

Гласањето беше закажано за април, но беше одложено поради пандемијата. Путин го презакажа за до 1 јули, велејќи дека Русија го поминала врвот на својата епидемија, и покрај бројот на ново инфицирани, кој сè уште се движи околу 9000, на ден. Амандманите вклучуваат промена во Уставот, што ќе му овозможи на 67-годишниот претседател, кој владее со Русија повеќе од две децении, да се кандидира за уште два шестгодишни мандати, откако во 2024 година ќе му истече актуелниот. Амандманите се веќе одобрени од двата дома на парламентот, од Уставниот суд на земјата и беа потпишани во закон од Путин. Гласањето се смета за обид да се стави крај на демократијата, со контроверзните измени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.