Русија ги намалила вложувањата во националниот долг на САД за милијарда долари

Во јуни годинава Русија инвестирала 10,8 милијарда долари во американските обврзници, продолжувајќи го трендот на намалување на ваквите вложувања, покажуват податоците на Министерство за финансии на САД.

Обемот на инвестициите во долгорочни обврзници изнесува 5,296 милијарда долари, а на оние со доспевање на пократок рок – 5,555 милијарди долари.

За споредба, во мај оваа сума изнесувала 12 милијарди долари. Максималниот обем на инвестирањето на Русија во јавниот долг на САД е забележан во октомври 2010 година, кога изнесувал 176,3 милијарди долари.

Во текот на целата мината 2018 година Русија значително го скратеила инвестирањето во американските хартии од вредност со што испадна од листата на 33-те најголеми носители на американскиот јавен долг. Првата позиција на списокот иматели на државните обврзници на САД во јуни ја имала Јапонија, а следат Кина и Велика Британија.