Русија ги обвини Facebook и Google за нарушувања на изборниот молк

Руската државна агенција за надзор над коминикациите Роскомнадзор објави во неделата дека технолошките гиганти Google и Facebook доволиле објавување на политички огласи во саботата и неделата со што го нарушиле изборниот молк за неделните регионлни избори и изборите во престолнината Москва.

„Ваквите постапки и активнисто може да се сметаат за мешање во суверените работи на Русија и попречување на одржувањето на демократски избори во Руската Федерација“, се наведува во соопштението кое го цитира агенцијата РИА.

Податоците за прекршувањата ќе бидат испратени до парламентарната комисија за истражувања на странски влијанија, соопштил портпаролот на комисијата Вадим Ампелонски.

Додал дека автоматските алатки за рекламирање на Google и Facebook редовно се корстат за политичка реклама во периодот кога во Русија на сила е изборниот молк. Истакнал дека дека Роскомнадзор во петокот ги предупредил интернет и социјалните мрежи за неприфатливоста на дистрибуцијата на политичкото рекламирање во саботата и неделата во текот на изборите, што според руските прописи е забрането.

Годинава на денот на гласањето кое за сите временски зони треба да се одржи во еден календарски ден 8-ми септмеври, се одржуваа непосредните избори за челниците на 16 региони, за градоначалниците на Анадир, Новосибирск и Улан-Уде, дополнителни избори за седмиот состав на Државната дума во четири окрузи кои даваат еден мандат, како и за паралемнтот на главниот град Москва.

Ден пред почетокот на гласањето забранета е секоја политичка агитација, спроведување партсики активноси и митинзи, делење летоцви, политичко рекламирање на телевизијата и радијата. По изборниот молк, следува денот на гласањето на кој исто така не се дозволени политички кампањи.

Западните медиуми во неделата се насочени да пренесуваат дека Русите гласаат на општинскиет и регионалните избори кои биле според нив одбележани со „бран протести изминатите седмици“. Протестите кои беа концетрирани во Москва беа малубројни со очигледни тенденции за провоцирање безредија, а се случија откако изборната комисија не прифати кандидарури на неколку опозициски политицари поради технички причини односно фалсификувани потписи за поддршка на нивните кадидатури.

„Изборната комисија утврдила дека навдоно од 6.000 потписи кои ги добив, 2.000 не биле важечки, иако тоа не е вистина“, тврди во изјавата за германската новинска агенција DPA, Александер Соловјов, од движењето Отворена Русија.

Опозицијата тврди дека околу две илјади луѓе биле приведени во текот на простестите во последните 45 дена, и ја обвинува полицијата за наводен насилен пристап, иако последните ненајавени протести во Москва минатата недела не беа речиси воопшто обезбедувани од полицијата.