Русија во вторникот објави дека успешно спровела тестирање на оружје коешто за цел имало стар советски сателит и ги отфрла критиките од САД, Велика Британија и НАТО дека тестирањето било опасно за вселенски летала во орбитата.
Американските функционери велат дека тестирањето изведено во понеделникот создало поле на отпад во орбитата која ја загрозува Меѓународната вселенска станица (ISS) и фрагменти кои со години ќе бидат опасност за вселенските активности.
Генералниот секретар НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека тестот бил непормислен, дека претставува закана за ISS и кинеското летало во орбитата и дека покажува оти Русија развива нови вооружени системи. Портпаролот на британската влада го осуди тестот и ја повика Москва да им се придружи на дискусиите во ОН за „одговорно однесување кога станува збор за Вселената“.
Москва на тоа одговори дека со години повикува да се постигне договор за прекин на користењето оружје во Вселената, но потстетува дека САД и нивните сојзуници тоа го блокираа токму во ОН.
Руското министерство за одбрана соопшти во вторникот дека вселенскиот отпад не претставува закана за ISS и дека Вашингтон тоа многу добро го знае.
„Руското министерство за одбрана изведе успешно тестирање на 15-ти ноември кое за цел го имаше вселенскиот апарат Целина-Д кој не е во функција и кој е во орбитата од 1982 година “, изјави министерот за одбрана Сергеј Шојгу и истакна дека „формрираните фрагменти не прететставуваа закана за вселенските активности“.
Претходно руската армија објави дека извела тестирање врз неопоративно вселенско летало. Министерството за одбрана нагласи дека ги спроведува планираните активности за зајакннување на руската одбранбена способност и потсети дека главната цела на новата вселенска стратегија на САД е „да се стекнат со сеопфатна воена предност“ во оваа сфера.
Министерстовото истканува и дека фрагментите формирани по погодувањето на сателитот не претставуваат закана за ISS и другите сателити, посебно нагласувајќи дека фрагментите од сателитеот се внесени во главниот каталог на домашниот систем за набљудување и контрола на вселенското пространство и веднап се следат со придружна контрола сѐ додека на престанат да постојат.
Министерството за одбрана притоа потсетува дека тестирања на противсателитски проектили веќе изведувале САД, Индија и Кина. Притоа се нагласува дека Русија е принудена да ги јакне своите одбранбени способности поради тоа што и САД спроведуваат тестирања на вселенско оружје, особено откако во 2020 година ги формираа Вселенските сили како посебен род во американската армија.