Русија ги прогласи дипломатите на Германија, Шведска и Полска за непожелни, заради поддршката на Навални

Русија протера тројца дипломати од Германија, Шведска и Полска зашто се придружиле на протестите за поддршка на затворениот опозиционер Алексеј Навални. Руското министерство за надворешни работи кажа дека тие учествувале во нелегалните демонстрации на 23 јануари.

Шведска демантираше дека нивни дипломат бил на протестите.

Навални во вторникот беше осуден на три и пол години затвор за кршење на правилата за условна слобода, само два дена откако низ Русија се одржаа голем број протести, на кои беа приведени илјадници луѓе.

Бркањето на странските дипломати уследи неколку часа откако еврокомесарот за надворешни работи Хосеп Борел се сретна со својот руски колега Андреј Лавров. И Германија и Шведска кажаа дека потегот на Русија нема да остане без противодговор. Според Лавров, секакви европски санкции поради третманот на Навални би биле нелегитимни.