Русија го предупредува Западот да престане да ја вооружува Украина

Заменикот на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, во средата повторни ги повика западните земји да престанат да ја вооружуваат Украина и да ја поттикнуваат на воена разврска на конфронтацијата со рускојазичните региони во Донбас, а ситуацијата околу безбедноста во Европа ја оцени како „критична“.

Малку претходно во средата Кремљ соопшти дека тензиите околу Украина растат и предупреди на нови испораки на оружје, изведување воени маневри и прелети на авионите на НАТО на самите руски граници, и ги предупреди меѓународните партнери на Русија дека би требало на тоа да обратат внимание.

Рјабков изјави дека не верува дека постои закана од војна со големи размери во Европа или на друго место, и повтори по којзна кој пат дека Москва не палнира да ја нападен Украина ниту да ја освои.

Меѓутоа, заканата што во Украина постојано се зголемува присуството на НАТО, како и охрабреноста на Киев на воена акција во Донбас, е нешто што директно ги загорзува руските национални и безбедносни интереси, посочи Рјабков.ж

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва се надева дека наскоро ќе пристигнат писмените одговори на нивнит предлози за безбедностни гаранции во Европа и регионот.

Од друга страна, владаа во Киев им се заблагодари на САД и на Велика Британија за новата испорака на воена помош, откако Вашингтон во средата објави дека за украинската војска ќе издели.уште дополнителни 200 милиони долари покрај предвидените околу 700 милион. Во понеделникот британското министерство за одбрана потврди дека Лондон на Киев ќе му испорача противтенковско оружје а ќе испрати и воени инструктори во Украина, а и Канада објави дека во оваа земја ќе испрати свои специјалци.

„Како што рековме, доследни сме на суверенитетот и територијалниот интегрите на Украина и ќе продолжиме да ѝ пружаме помош која ѝ е потребна. Кон крајот на годината, и пред трупањето на руските трупи на украинската граница, САД на Киев му достави воена помош во вредност од 450 милиони долари“, изјавил за Reuters анонимен американски функционер без да открива за каков вид помош станува збор.

Поради ваквите активности на западните земји предводени од САД, Русија размести десетици илјади свои војници во близина на границата со Украина, и порача дека тоа е нејзино суверени право и реакција на развојот на ситуацијата во соседната земја. Но Москва упорно инсистира дека нама намера да ја нападен Украина.

Притисокот расте и врз Германија да го искористи гасоводот Северен тек 2 како оружје против Русија, бидејќи преку него треба да се удвојат испораките на рускиот гас во Европа. САД и Украина кои се главни противници на гасот, а губат милијарди долари поради неможноста да го пласираат американскиот течен гас од шкрилци во Европа, односно од транзитните такси на рускиот гас преку украинска теритоерија, тврдат дека Северен тек 2 ќе ја направи Европа енергетски уште позависна од Русија.

Ден по состанокот на рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров во Москва со германската колешка по должност, радикалната неолибералја од Зелените, Аналена Бербок, од Кремљ порачаа дека е лошо за потрошувачите во Европа што гасоводот Северен тек 2, кој е целосно подготвен и наполнет со енергенсот, сѐ уште не е ставен во функцијна.

„Лошо е за потрошувачите на гасот и за економското заздравување по пандемијата од Covid-19, што преку Северен тек 2 не се доставува гасот во Гермнија“, рече портпаролот Песков.

Политизирањето на гасоводот Северен тек 2 е контрапродуктивно, рече во вторникот Лавров, а Бербок рече дека нејзината влада е „истрајна во одбрана на темелните вредности, дури и доколку мора да плати висока економска цена“, во случај на наводна руска инвазија. Ниту таа, како и нејзините западни колеги, не одговараат на прашањата што ќе се смета за руска инвазија и дали руска реакција на украинска провокација ќе послужи како опрвдувњер.

Русија бара правно обврзувачки договор за запирање на ширњето на НАТО кон нејзините граници, особено да не ги прима во членство соседните Украина и Грузија, повлекување на стратешко вооружување и бази на Алијансата од соседните земји како и повлекување на нукларниот арсенал на САД разместен во Европа. НАТО ги отфрли барањата истакнувајќи дека има политика на „отворени врати“ за придружување.