Руските власти го забранија звучното огласување и рекламирањето од згради и други објекти, по поплаките на многубројни граѓани изложени на напорните и монотони рекламни пораки.
Според измените и дополните на федералниот закон за огласување, кои стапија на сила во средата, звучното огласување со помош на опрема монтирана и сместена на надворешните ѕидови, покриви и други структурни елементи од згради и други градежни објекти не е дозволено.
Како што за медиумите изјавил началникот на општинскиот округ на Тверската област во Москва, Јаков Јакубович, голем број жители патат од преголема бука, вклучително и поради опремата за засилување на звукот од кои се слушаат монотоните огласи.
„Примам масовни поплаки за тоа. Совесните претприемачи тоа го разбираат и настојуваат да го избегнат наметливото огласување користејќи други канали за комуникација со потрошувачите“, рекол Јакубович.
Додал дека рекламните агенции одамна завладеале со современите комуникациски средства.
„Минаа на релевантни и модерни алатки, оставајќи го во минатото застареното офлајн аудиовизуелно рекламирање“, заклучил Јакубович.