Русија и Белорусија во февраури ќе одржат заеднички воени вежби

Русија и Белорусија во февруари ќе одржат заеднички воени вежби, изјави во понеделникот бепорускиот претседател Александр Лукашенко, во екот на сѐ поизразените тензии меѓу Западот и Истокот поради наводната подготовка на руска инвазија врз Украина и кога Москва бара правно обврзувачки гаранции дека НАТО ќе го запре своето ширење кон руските граници.

„Планиравме почеток на маневрите во февруари. Одредете го точниот датум и известите нѐ, така да не нѐ обвинуваат дека одненадеж сме собрале некои сили, како да се подготвуваме за војна“, му порачал Лукашенко на белорускиот министер за одбрана.

Белорускиот претседател изјавил дека вежбите ќе бидат одржани на јужните и западните граници на земјата, на коишто како што претходно предупедуваше Лукашенко се групираат сили на Алијансата.

Поранешната советска република со 9,5 милиони жители има од 1990-те години договор со Русија за заедничка федерална заедница, и нејзиното освојување на Западот се гледа како отворање на директниот пат кон Москва во стратешка воена смисла.

Белорусија на запад граничи со Полска и Литванија, земји членки на НАТО, а на југ со Украина. Во своите коментари кои ги објави белорускот министерство за одбрана, Лукашенко ги повторува обвинувањата дека Киев трупа сили во близина на белоруската граница и потсетува на неодамнешниот инцидент кога летала на украинската воена авијација ненајавено навлегуваа во пограничниот воздшен простор на соседната земја.

Лукашенко истовремено предупредува дека во Полска и на Балтикот има повеќе од 30.000 војници на самата граница со Белорусија. Кремљ во засебно известување предупреди дека објавата на Естонија дека е подготвена да прими уште 5.000 војници на НАТО, јасно покажува дека Москва е во право кога ја изразува загриженоста за својата безбедност.