Русија и честиташе на Индија за слетувањето на Месечината

Руската вселенска агенција „Роскосмос“ и честиташе на Индија за успешното слетување на вселенското летало „Чандрајан-3“ на Месечината, неколку дена откако руската сонда Луна-25 се урна на Месечината во слична мисија.

„Државната агенција „Роскосмос“ им честита на своите индиски колеги за успешното слетување на леталото „Чандрајан-3“ на Месечината“, соопшти Руската вселенска агенција.

„Истражувањето на Месечината е важно за целото човештво. Во иднина тоа би можело да стане платформа за истражување на длабоката вселена“, стои во соопштението.