Русија и Ерменија во обид да се стабилизира ситуацијата во Нагорно Карабах

Министрите за одбрана на Русија и на Ерменија разговараа во вторникот утрото и се договориле дека ќе ги поддржат напорите за стабилизацијата на ситуацијата на ерменеско-азербејџанската, соопшти ерменското министерство за одбрана.

Баку и Ереван повторно меѓусебно се обвинуваат за разгорување на тензиите во текот на изминатата ноќ, најновата ескалација со деценија на старите непријателства околу спорниот регион Нагорно Карабах.

Ерменскиот министер за одбрана Сурен Папикјан рече дека разговарал со рускиот колега Сергеј Шојгу и дека двајцата се „согласиле да преземат неопходни чекори за стабилизација на ситуацијата“.

Русија е клучниот сојузник на Ерменија преку Организацијата на договорот за колективна безбедност (ОДБК), регионален безбедносен блок кој го предводи Москва. Русија испрати значителни мировни сили во спорниот регион во 2020 година како дел од договорот за тогашните речиси двомесечни судири меѓу двете поранешни советски републики во кои Азербејџан постигна значителни територијални добивки.

Азербејџан и Ерменија договорија прекин на огнот рано утрото во понеделникот, но тој се распадна неколку минути подоцна, објавија азербејџанските медиумите. Новиот прекин на огнот стапил на сила во 9 часот утрото по локално време, но медиумите во Баку набрзо известија дека е нарушен.

Планинска енклава која официјално е територија на Азербејџан, но која ја управуваат етничките Ерменци кои сочинуваат 80 отсто од населението и во 1988 година прогласија отцепување. Вашингтон, Париз и Москва, во својоство на копретседателит на Групата од Минск на ОБСЕ, веќе три децении посредуваат во решавањето на прашањето на Нагорно Карабах. Прекинот на огнот по отворената војна меѓу Ерменија и Азербејџан од 1990 до 1994 година, во која загинаа 30.000 луѓе, повремено се нарушува и одново избувнуваат судири но оној од 2020 година беше со најголем интензитет и најголемо користење на воените сили.