Русија и Франција загрижени поради иранското отстапување од нуклеарниот договор

Иран потврди дека ги зголемил активностите во својата подземна нуклеарна постројка Фордоу, што според Франција првпат покажува дека Техеран планира да истапи од договроот потпишан со светските сили во 2015 година, откако од него во мај 2018 година истапија САД и ги вратија санкциите чија цел е да ја ослабат иранската еконимија и иранскиот нафтен сектор.

И Русија изрази загриженост поради одлуката на Техеран да почна да ги полни со гас центрифугите, и оцени дека станува збор за чекор кој го оддалечува Иран од договорот.

Нуклеарниот договор не дозволува во Фордоу да има нукларен материјал, а со вбризгување ураниумски гас во центрифугите тој од истражувачки центар станува нуклеарна постројка.

Иранскиот претседател Хасан Роухани, архитект ја договорот, обвини дека САД ги присилиле Иран да се откаже од некои од своите обврски од договорото и истакна дека во Фордоу наскоро ќе биде достигна максимумот во збогатувањето ураниум.

Француискиот претседател Емануел Макрон, кој престојува во посета на Кина, изјави дека иранскиот потег е „сериозен“.

„Мислам дека ова е првпат Иран отворено да најви дека има намера да излезе од договорот, што претставува голем пресврт“, рече Макрон, кој ја презема водечката ролга во настојувањата на европските потписнички да се спаси договорот и покрај повлекувањето на САД.

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, во Москва порача дека она што во моментов се случува со договорот е алармантно, и го повика Иран да се придржува на своите обврски.

Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) соопшти дека нејзините инспектори се на терен и оти ќе извести за тоа што се случува во Фордоу.

Според договорот, Иран може да збогатува до 300 килограми ураниум до нивото од 3,67 отсто. Меѓутоа, Техеран одговарајќи на новите американски санкции веќе го надмина ова количество, а и лимитот и збогатува ураниум ново од 4,5 отсто.