Русија и САД имаат „заеднички интереси“ за климатските промени, вели Путин

Москва и Вашингтон споделуваат „заеднички интереси“ во поглед на климатските промени, изјави рускиот претседател Владимир Путин во телефонскиот разговор со специјалниот американски претставни за климата Џон Кери, кој престојува во посета на руската престолнина.

Џон Кери, кој беше шеф на американската дипломатија во мандатот на претедателот Барак Обама, имаше безбројни контакти и посети на Москва и важаше за американски политичар кој единствен имаше одлични односи со руските соговорници, претседателот Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Проблемот на климата е секторот во кој Русија и САД имаат заеднички интереси и слични пристапи“, истакнал Путин според соопштението кое го објави Кремљ.

Се додава дека Путин „придава голема важност“ за реализација на целите утврдени на Парискиот договор за климата. Тој се зазема за тоа „дијалогот“ за ова прашање да биде лишено од политиката, додава Кремљ.

Во најавата на посетата на руската престолница Кери веќе претходно седмицава повика на соработка со Москва против климатските промени, како и кога се сретна со Лавров.

Еден од водечките светски производители на гас и нафта, Русија, последните години истакнува дека климатски промени ги сфаќа многу сериозно, соочена последните години со разорните шумски пожари секое лето во Сибир, како и со топењето на пермафростот што загрозува неколку руски градови на Арктикот.

Во годишното обраќање до нацијата во април, Путин изјави дека Русија ќе се прилагоди на климатските промени и нареди индустријата да ги рециклура емисиите на јаглерод.

Климатските промени се една од реткуте области во кои САД и Европската унија е изјаснија дека се подготвени за соработка со Русија, во контекстот на постојаните меѓусебни тензии и стотиците западни санкции против Москва.