Русија и САД користат „ефикасен канал“ за размена на затвореници

Рускиот амбасадор во Соединетите држави, Анатолиј Антонов, изјави во средата дека Москва и Вашингтон користат ефикасен канал за размена на затвореници.

Амбасадорот Антонов го изјави ова коментирајќи го случајот со двајца Американци, новинарот на Wall Street Journala, Еван Гершкович, и Пол Вилан, кои се притворени во Русија.

„Прашањето за размена на затвореници го решаваат овластените тела за кои се договорија претседателите во 2021 година“, цитира Антонов на својот официјален канал во апликацијата Telegram.

„Специјалниот канал се покажа како ефикасен“, рече тој, мислејќи на размената на затвореници на рускиот трговец со оружје Виктор Бут и рускиот пилот Константин Јарошенко во замена за американската кошаркарска ѕвезда Бритни Гринер и поранешниот американски маринец Тревор Рид минатата година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.