Русија испитува 1.500 мутации на ковид-19

Во Русија се пронајдени речиси 1.500 мутации на коронавирусот, изјави денеска Ана Попова, директор на Руската федерална служба за фитосанитарен надзор и контрола (Роспотребнадзор), на маргините на научната конференција на форумот „Гајдар“.

– Ова е важен аспект на пандемијата и ние континуирано работиме на тоа. Досега откривме речиси 1.500 мутации – потенцира Попова, пренесе Тасс.

Според Попова, во рускиот институт „Микроб“ во моментов се спроведува анализата на информациите за мутациите на коронавирусот во светот.

– Мутациите за кои често се зборува во некои земји, главно европските, станаа видливи уште во септември. Уште повеќе, првите промени од овој вид беа идентификувани во јуни – потврди Попова.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.