Руските трупи постигнаа „значителен напредок“ во регионот Запорожје на југот на Украина од кој контролираат поголем дел, изјави во вторникот прорускиот гувернер на областа Евгениј Балицки.
Руските сили ги заредиле нападите долж фронтот по неуспехот на долгонајајуваната противофанзива на Украина која започна на почетокот од јунии во време кога западната воена помош за Украина е доведена во прашање, откако се покажа дека украинските трупи не оствариле речиси никакво напредок во настојувањата да ги потиснат руските единици.
„Нашите единици напредуваа значително североисточно од Новопокривка“, напиша Балицки на платформата Telegram. „Ситуацијата е постојано стабилно напната, но нашите момчиња не само што ги држат одбранбените линии, туку и постепено ги подобруваат“, додаде тој. Вели, исто така, и дека украинската страна претрпела „тешки загуби“.
Како што појаснува, поради значителните загуби украинските сили сега од фронтот ги повлекуваат единиците на „нацистичката група Марун“, којашто „треба да ја обнови борбената ефикасност поради големиот број загинати и ранети, наместо тоа, ивните позиции ги заземаа мобилизираните регрути“. Балицки нагласува дека руските сили го следат и јасно го контролираат распоредувањето на единиците на украинските вооружени сили, а ги знаат и сите планови на непријателот.
Ден претходно, Министерството за одбрана извести дека руските сили во оваа насока одбиле четири напади на украинските вооружени сили во областа Вербовој. Покрај тоа, авијацијата и артилерија го погодиле непријателот кај Работино и Успенивка. Украинската армија загубила до 45 војнции, три возила, хаубица „Д-30“ и американски радар против батериски оган „AN/TPQ-50“.
Новопокривка е село лоцирано северо-источно од Роботин, кое во август беше окупирано од украинската страна со надеж дека ќе ја пробие зоната преку која ќе стигне до Азовското Море.
Украинската страна, пак, извести дека ги одбила руските напади во споменатото подрачје, ненаведувајќи никакви детали. Украинската армија потврди дека сѐ уште се водат борби кај Новопокривка, Авдеевка и Бахмут и во целата област Маринка и дека украинските сили „се спротивставуваат на руските напади“.
На северот, украинската војска објави дека спречила четири руски напади врз Купјанск и осум напади врз Лиман. Пред почетокот на руската инвазија во септември 2022 година, овие области беа вратени под контрола на Киев, откако руските сили се повлекоа за прегрупирање.
Градот Херсон, на југот на земјата, кој е под украинска контрола од ноември 2022 година, откако руската команда процени дека не може да го брани без големи жртви градот кој е поделен со реката Дњепар и се повлече на десниот брег.