Русија извезува повеќе нафта од Саудиска Арабија

Русија ја надмина Саудиска Арабија во извозот на нафта.

Увозот на нафта од Русија во Кина во април скокнал за 17,7 отсто на годишно ниво, а од Саудиска Арабија се намалил за 18 отсто, објави Ројтерс.

Увозот на нафта во Кина во април е паднат за 7,5 отсто на годишно ниво – на 9,84 милиони барели дневно.

Обемот на испораките од Саудиска Арабија во април паднал за 18 отсто и изнесува 5,16 милиони тони, или 1,26 милиони барели на ден. Русија испорачала 7,2 милиони тони (1,75 барели на ден), што е 17,7 отсто повеќе од лани.

Увозот во првите четири месеци пораснал за 1,7 отсто во споредба со истиот период лани, затоа што кинеските рафинерии ги користат погодности на цените на нафтата кои се во опаѓање.

Цените на нафтата пораснаа во последните четири седмици.

Кон скок на цената на нафтата придонесоа и помалите испораки на Организацијата на земји извознички на нафта и нејзините сојузници кои веќе месец дена доброволно го намалуваат производството на 9,7 милиони барели на ден.