Русија извршила одмазнички удари во Украина за нападот врз Кримскиот мост

Руската војска ноќта кон вторникот извела одмазничку напади врз објектите во Украина каде се подготуваат „терористичките напади“ во Русија, особено нападот врз Кримскиот мост во понеделникот во кој загинаа брачна двојка е рането беше нивното дете, соопшти руското Министерство за одбрана.

„Масивен напад на одговор со високопрецизно оружје со поморско базирање е изведен врз објектите каде што се планираа терористичките дејствија против Руската Федерација со помош на поморски дронови, како и на локацијата на која се произведуаат во бродоградилиштето во близина на градот Одеса“, најголемото украинско црноморско пристаниште, соопшти руското Министерство за одбрана.

Се додава дека во областите на Николаев и на Одеса биле уништени складишта со гориво со вкупно околу 70.000 тони, од кои со горива се снабдува украинските сили.

„Погодени се сите одредени цели, евидентирани се пожари и детонации во уништените објекти“, се заклучува во кусото соопштение од Москва.

Во мугрите во понеделникот беше изведен удар врз Керченскиот (Кримски) мост кој го поврзува црноморскиот полусотров Крим директно до копното во Русија и се смета за клучен логистички правец за руските единици на југоисточниот фронт во Украина, иако руската војска за таа цел многу ретко го користи токму поради безбедноста на цивилниот транспорт.

Во нападот со поморски дронови, за кој Москва го обини Украина, САД и Велика Британија, загина брачна двојка од Белгородската област кои летувале на Крим, а нивната 14 -годишна ќерка е хоспитализирана со сериозни повреди. Оштетен е автомобилскиот дел од мостот, па во прекин е сообраќајот во двете насоки на оштетената делница, која според најавите би требало да биде санирана до почетокот на есента.

Според вицепремиерот Марат Хуснулин, еден дел од преминот во насока кон Керч е целосно уништен, и треба да биде демонтиран. За изведување на поправките, неопходно е да се изгради привремено мост долг 250 метри.

Рускиот претедател Владимир Путин инцидентот го опиша „не само сурово кон цивилите, туку и бесмислено од воен апсект злосторство“ и го нарече „уште еден терористички напад од режимот во Киев“, притоа ветувајќи дека руската војска соодветно ќе одговори на нападот.