Русија/Ковид-19: Повеќе од 100.000 заразени, повеќе од илјада починати

Русија пријави повеќе од 100.000 заразени и 1.000 починати, соопшти кризниот штаб за борба против коронавирусот.

Во Русија во последните 24 часа се регистрирани 7.099 нови случаи на инфицирани со вирусот Ковид-19, што е најголем број на заразени во еден ден до сега. Вкупно се заразени 106.498 луѓе.

Растот на бројот на заразени денеска се зголеми на 7,1 отсто во однос на вчерашните 6,24. Иако расте бројот на заразени, тој веќе десет дена по ред е под 10 отсто.

Русија досега тестирала повеќе од 3,5 милиони граѓани. Во светот САД тестирале најмногу луѓе – околу шест милиони.

Меѓутоа Русија ги помина САД во однос на бројот на тестирани според бројот на жители, па стапката на тестираност во Русија е 2,4 отсто, а во САД 1,8.