Русија може да остане на ISS, доколку САД ги симнат сaнкциите од компаниите

Русија може да го продолжи своето учество во работата на Меѓународната вселенска станица (ISS) и по 2025 година, доколку од руските компании во оваа област бидат симнати доглогодишните американски санкции, рече во понеделниот Дмитриј Рогозин, челникот на руската вселенска агенција Роскосмос.

Неизвесна е судбината на Меѓународната вселенска станица која во орбитата е подолго од две децении. Овој проект треба да заврши во 2024 година, а Русија претходно објави дека излегува од проектот во 2025 година. Русија ги продлабочува врските со Кина во Вселената откако САД со наметнувањето на стотици санкции со кои се опфатени и руските технолошки и вселенски програми се обидуваат да добијат примат во оваа сфера. Така Москва одби да учествува во американската програма „Artemis“ за истражувања на Месечината и одлучи да му се приклучи на Пекинг во истражувањата на природниот сателит на Земјата следните години.

„Доколку ќе соработуваме во иднина, санциите веднаш мора да бидат повлечени“, изјави Рогозин кој изминатиот период имаше повеќе контакти со челниците на американската агенција за вселенски истражувања NASA во врска со тековни или планирани заеднички проекти.

Рогозин повторил дека доколку САД не ги повлечат санкциите насочени кон научно-истржувачки сектор, Русија исклучиво ќе се потпре на својата свеленска станица за којашто веќе ги започна подготовките.

Додал и дека NASA во моментов ги подготвува своите позиции во врска со резултатите од претстојниот самите меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот челник Џо Бајден во швајцарска Женева.

„Ако станува збор за соработка во Вселената, тогаш се надевам дека NASA ќе ја формулира својата позиција, а не само да биде слаб пасивен набљудувач на овој процес“, рекол Рогозин реферирајќи за неговиот телефонски разговор од петокот со челниците на американската вселенска агенција.

Ставена во функцина во 1998 година, Меѓународната вселенска станица е еден од најамбициозните проекти на соработка на човештвото во историјата. Во неа учествуваат Русија, САД, Канада, Јапонија и Европската вселенска агенција (ESA). Претходно од 1986 до 2001 година во функција беше советско-руска станица „Мир“ (Свет), чиј предвиден животен век беше за 10 до 15 години.

Заменикот на рускиот премиер Јуриј Борисов во април година рече дека Москва разгледува напуштање на ISS од 2025 година поради застареноста на оваа орбитална станица и големите трошоци за нејзино одржување и санирање. Од Роскосмос, пак, тогаш соопштија дека одлуката за напуштање на станица сѐ уште не е донесена.

Руската вселенска агенција Роскосмос, објави на 20-ти април започнува со спроведување на планот за првиот основен модул за новата руска орбитална станица преку ракетно-вселенската корпорациа (РКК) „Енергија“, во настојувањата Русија да ја воспостави свпјата станица до 2025 година, бидејќи сака да се повлече од Меѓународната вселенска станица.

.„Вашингтон ја понесува одговорноста, доколку ги задржи санкциите за руското повлекување од Мешинародната вселенска станица“, изјави Рогозин во понеделникот на сослушувањето во Думата, долниот дом на рускиот парламент. Додал дека Русија сака да одлучи за „натамошната судбина на ISS, откако САД ќе ги повлечат санцкиите

Рогозин повтори и дека Русија веќе започна со градењето на првиот сегмент од вселенската орбитална станица, како и дека „Енергија“ ќе го подготви лансирањето во рок од четири години.

Русија од минатата година го загуби монпополот за испраќање на астронаути на ISS од космодромот во казахстански Бајконур, по првата успешна мисија на американската компанија „SpaceX“, од космодромот Бајконур во Казахстан. Меѓутоа, Роскосмос одговори со неколкуте пробни летови до ISS за рекордни три до три ипол часа лет со човечки екипаж кои се одвиваат со кратки и ултракратки шеми на конвергенција.