Русија на 12 август ќе ја регистрира вакцината против Ковид-19

уската вакцина против Ковид-19, направена од центарот „Гамалеја“, ќе биде регистрирана на 12 август.

Заменик-министерот за здравство на Русија, Олег Гриднев, соопшти дека први што ќе ја примат новата вакцина ќе бидат медицинските работници и постари жители на земјата.

„Во тек е последната, трета фаза од тестирањето. Тестирањето на вакцината е многу важно. Треба да разбереме дека вакцината мора да биде безбедна. Ефикасноста на вакцината ќе биде можно да се процени кога ќе се формира имунитет кај населението“, изјави Гриднев.

Претходно, министерот за здравство Михаил Мурашко најави дека масовната вакцинација против корона вирусот во Русија е планирана за во октомври.