Русија не е повикана на собирот за сајбер-криминалот предводен од САД

Русија не е поканета да учествува на виртуелниот состанок во борбата притив кибернетичкиот криминал на кој под водство на САД ќе учествуваат 30 земји, објави во средата американски фунционер.

Во Украина и во Русија дејствуваат голем број групи кои пласираат изнудувачки софтвер, ткн „рансомвер“, тврдат кибернетичките експерти во САД. Некои американски функционери и разузнавачки аналитичари тврдеат дека тие групи во Русија дејствуват со премолчена поддршка на Кремљ, но дека не се под директна контрола на властите во Москва.

Споменатиот виртуелен собир ќе трае два дена и ќе биде поделен во шест сегменти. Ќе се разговара за користењето на криптовалутите во прикривањето на заработката од кибернетичкиот криминал, процесуирањето на групите кои пасираат трансомвери, користењето на дипломацијата во борбата против таквиот криминал, како и за помош на државите во создавањето отпорност на нападите, изјавил американски функционер за Reuters кој не го наведува неговото име.

Покрај САД разговорите ќе ги водат и Индија, Австралија, Германија и Велика Британија. На собирот, меѓу другите, ќе учествуваат и Украина, Канада, Франција, Бразил, Мексико, Ирска, Израел, ЈАР и Европската унија.

„Водиме активни разговори со Русија, но не се повикани да учествуваат на овој форум“, изјавил неименуванито американски функционер, додавајќид ека тоа не значи дека Русија не би можела да учествувале на состаноците во иднина.

Рекол дека САД директно разговараат со Русија по прашањето на „рансомверот“ во рамките на експертска група кои ја воспоставија американскиот претседател Џо Бајден и неговиот руски колега по должност Владимир Путин. Додал дека тие разговори се во тек, дека САД споделиле информации за одредени криминални групи на територијата на Русија и дека Москва ги преземала првите чекори во решавањето на тоа прашање.

Американскиот претседател Бајден стави голем приоритет на кибернетичката безбедност по нзиата годинешни напади кои го нарушија и дестабилизираа американскиот енергетски и прехранбен сектор.