Русија не исклучува гасна криза во ЕУ и повикува на договори

108
LFR

Русија не ја исклучува можноста од нова криза со гасот во Европа и ја повикува Европската унија на преговори и договори, изјави во саботата Александар Новак, потпреседател на валдата задолќен за енергетските прашања.

„Не ја исклучувам можноста таквата ситуација да се повтори. Подготвени сме на дијалог“, изјави Новак повторно повикувајќи ги челниците на ЕУ на преговори за разрешување на проблемот.

Според Новак, во европските складишта за природен гас, поради разни причини од зголемената потрошувачка минатата зима и сега по рестартирањето на економиите по коронакризата до препродавањето на енергенсот на другите поскапи пазари, недостигаат околу 25 милиони кубни метри гас и тој сема дека „за ова прашање, нешто треба да се стори“,.

Светската енергетска супер-сила повторни ја отфли одговорноста за енормниот раст на цените на гасот на пазарот и, како што вели Новак повторувајќи ги изјавите на руските челници изминатите две седмици, Русиај ги исполнила сите договорни обврски кон европските партнери.

Испораките од Русија на светксите пазари се зголемиле за дури 15 отсто во однос на претходната година, па самата земја годинава потрошила повеќе гас отколку вообичаено. Новак тоа го припишува на студената зима, почетокот на грејната сезона и закрепнувањето на економиите.

Неодамна рускиот претседател Владимир Путин повика на итно ставање во функција на новиот гасовод Северен тек 2, со кој гасот до Русија по дното на Балтичкото Море ќе ниде испорачува во Германија.

Гасоводот и покрај американските санкции и опстукции е довршен, но власите на земјите меѓу кои и на Германија допрва треба да ги издадат употребните дозволи за него. Пред една седмица Данска ја издаде таквата дозвола.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.