Русија нема да ја запира операцијата во Украина поради преговорите, порача Лавров

Русија нема овојпат да ја прекинува својата воена операција во Украин поради новите кругови од мировните преговори, рече во понеделникот рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Руските функционери изјавија дека мировитени преговори со Украина не напредуваат толку брзо колку што тие би сакале и го обвинуваат Западот дека се обидува да ги минира преговорите, што се гледа во честото менување на ставовите и барањата на преговарачката делегација на Киев, со обвинувањата дека руските сили наводно сториле воени злосторства за што Москва одговара дека се исценирани случаи.

Лавров во интервјуто за руската државна телевизија рече дека не гледа зошто не би продолжиле преговирите со Украина, но инсистираше дека Москва нема да ја запре својата воена операција кога двете страни повторно ќе се сретна. Потсети дека во текот на изминатите рунди преговори, украинската страна ги користела за да се прегрупира, да ги обнови загубите со западната помош и не го почитувала прекинот на огнот.

Исто така, Лавров потсети дека рускиот претседател Владимир Путин нареди запирање на воената операција во текот на првиот круг од преговорите кна 28-ми февруари, но дека поради таквото однесување на Киев ставовите на Москва од тогаш се примениле.

„Откако се уверивме дека Украина не планира да одговори со иста мерка, одлучено е дека во текот на следните кругови од преговорите нема да има пауза (во воената операција) сѐ додека не биде постигнат конечен договор“, рече Лавров,
Шефот на руската дипломатија го обвини Киев минатата седмица дека на Москва ѝ претставил „неприфатлив“ нацрт од мировниот договор кој отстапува од договорот кој отстапува од договорот кој двете страни претходно го постигнаа.

Киев ја отфрли оцената на Лавров како тактика на поткопување на Украина или свртување од обвинението за наводните воени злосторства. Но Москва одговори дека сцените од киевското предградие Буча, дури четири години откако од таму се повлекоа руските сили, се реакција на информациите за американските биолаборатории во Украина. А особено откако во влијателниот The New York Times се појавија снимки како украинските војници и платеници, спротивно од обичаите на војувањете, ранетите и заробени војници ги егзекутираат и осакатуваат.

Во интервјуто објавено во понеделникот, Лавров, исто така, рече дека повиците на шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Боел, Европската унија да продолжи да ја вооружува Украина претставува „многу сериозно скршнување“ во политиката на Унијата.