Русија нуди државјанство на три милиони Украинци

29

Москва денеска понуди државјанство за околу три милиони Украинци од регионот на границата со Русија, кој е погоден од воени судири. Потегот ги разлути Киев и Европската унија.

Рускиот претседател Владимир Путин ја почна програмата оваа година заради забрзување на процесот за добивање државјанство за жителите на украинските региони Доњецк и Луганск, каде во последните пет години има судири меѓу украинската војска и проруските бунтовници, пренесува Хина.

Украина се закани дека ќе го одземе украинското на оние кои ќе земат руско државјанство, а ЕУ најави дека нема да ги признава руските пасоши добиени преку таа програма.

Судирот меѓу Украина и Русија почна во 2014 година откако Украинците го симнаа од власт прорускиот претседател и се звртија кон Запад. Според податоците на ОН, во судирите досега загинале околу 13.000 лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.