Русија објави дека ги контролира границите на Луганск

Проруските сепаратисти во доминатно руската и рускојазична источна Украина напредувале до административните граници од пред превратот во Киев во 2014 година на регионот Луганс, едно од главните области кои се цели на руската интервенција во Украина, почната кон крајот на феврури, пренесува во средата германсакта новинска агенција DPA повикувајќи се на руски извори.

Градот Попасна, за кој се водеа тешки борби, сега е исчистен од украинските сили, изјави портпаролот на руското министерство за одбрана, генерал-мајорот Игор Конашенков.

Именуваниот од Киев гувернер на Лиганс, Серхиј Хајдај, кој на 8-ми мај за украинската национална телевизија изјави дека украинските сили се повлекле за подобро да се утврдат тврдејќи дека „Таму (во Попасна) сѐ е уништена“, на 11-ти мај вели дека руските тврдења се „фантазија“.

„Украинските сили мораа да се повлечат од Попасна, но Русите не ја пробија нашата одбрана“, пишува нејасно Гајдај на Telegram во средата.

Проруските сили со поддршка на руските единици започнаа офанзива во април по должината на административните граници на двете одметнати области Луганск и Доњецк, чијашто цел е целсно истиснување на украинските сили од административните граници на целата источна област Донбас пред превратот во Киев во март 2014 година.

Заземањето на стретешки важниот град Попасна, во западниот дел од регионот Луганск, може да значи голема пресвртница во спроведувањето на руските борбени операции во Украина, оцениваат воени стручњаци.

Покрај источна Украина, проруските и руските сили изведуваат операции и на, исто така, мнозинскиот руско и рускојазичен југ на соседната земја, особено кон единствените две големи пристанита Мариупол и Одеса. Двата града се од стратешко значење, бидејќи се на праецот меѓу истокот и полусотровот Крим, кој по превратот во 2014 година со два референдума си ја поврати укинатата автономија и се присоедини кон Руската Федерација, што Западот и Киев го сметаат за нелегално руско анектирање на украинска територија.

Градот Мариупол е целосно под контрола на проруските сили, освен отпорот кој го даваат укранските бориц утврдени во подземните коридори на челичарницата „Азовстал“ крај крадот кон Азовското Море. Мариупол со мнозинско рускојазични Украинци и руско население по превратот во 2014-та во март беше дел од самопрогласенатра Доњецка Народна Република и втор по големина тамошен град по Доњецк, но во јуни истата година украинските доброволечки баталјони од екстремните десни движења го заземаа градот.

Во последните 24 часа пристигнуваат извештаи за засилени руски напади во Одеса. Руското министерство за одбрана соопшти дека главна цел е воениот аеродром во близина на градот преку кој се довезува западно оружје за украинските сили и предупредува дека тамошните власти подготуваат провокации, вклучително и минирање на големата брана којашто може да потопи цели градски населби.

Во Одеса, град со над милион жители основан на крајот од XVIII век, живее значителна руска и рускојазнична заедница, а од ноември 2013 до мај 2014 година градот беше сцена на постојани протести и контрапротести меѓу приврзаниците и противниците на ткн киевски Евромајдан, кој заврши со палење на Домот на синдикатите од страна на крајно десните украински групи и загинување на 50 проруски активисти на 2-ри мај 2014 година за што досега никој не одговарал . Потоа градот целосно е ставен под воена контрола на украинските сили а во мандатот на претседадателот Петро Порошенко за гувернер на Одескиот регион беше поставен поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.