Русија објави дека го контролира целиот регион Херсон во Украина

Руските вооружени сили во вторникот вечерта објавија дека заземале нови територии во источна и јужна Украина, вклучително и целиот јужен Херсонски регион.

„Руската војска ја презема контролат анад целиот Херсонски регион, деловите од Харковскиот, Запорошкиот и Николаевскиот регион, како и значителни делови од Донецката и Луганската нарадна република“, изјави генерал-полковникот Мухаил Мизинцев, началник на рускиот Центар за управување со одбраната.

На заземените подраќја полека се враќа нормалниот живот и започнало сеењето на летината, додаде Мизинцев.

„Повеќе од 40 тони хуманитарна помош од Русија уште еднаш неа испорачани во украинскиот град Херсон. Храна, храна за доенчиња, како и други основни продукти беа испорачани од Република Крим“, рече Мизинцев.

Појасни дека руските единици започнува со низа активности за обезбедување на коридорите за испраќање хуманитарна помош за да се спречат диверзии од украинските сили и националистичките баталјони.

Наспроти тврдењата на Мизинцев, од украинска страна доаѓаат спротивни тврдења за контролата над Херсон. Претходно во вторникот, укарински воен командант од регионит изјави дека одбранбената линија е во внатрешноста на Херсон и дека руските сили наводно не успеале да ја пробијат.