Русија објави дека го уништила последниот украински воен брод

Последниот украински воен брод е уништен со оружје со висока прецизност додека бил вкотвен во црноморското пристаниште Одеса, извести во средата руското Министерство за одбрана.

Споменатиот напад на руските и ракетни сили бил изведен во понеделникот, изјави портпаролот на Министерството за одбрана, генерал-полковникот Игор Конашенков во текот на редовниот дневен извештај за борбените операции на боиштето во Украина, велејќи дека станува збор за „Јуриј Олифиренко“, десантен брод кој е изграден во 1971 година.

Украинската воена морнарица е инфериорна во однос на руската, откако ги загуби најголемиот дел од своите борбени пловила, особено откако црноморскиот полуостров Крим се присоедини кон Русија, што Киев и Западот го сметаат за нелегална анексија. Украинската морнарица тогаш ја загуби способноста за стручно ремонтирање и одржување на бродовите кои се вршеа во историската база на руската Црноморска флота во Симферопол и Севастопол кои имаа специјален статус, а по почетокот на руската инвазија ланскиот февруари претрпи натамошни загуби.

Украинската страна не го потврди напади, а оваа информација не може да биде потврдена од независни извори, наведува Ruters.

Во меѓувреме Кремљ соопшти дека не гледа потреба да се воведе вонредна состојба во земјата, и покрај неодамнешните напади со дронови на Москва како и украинските ракетирања на руските погранично области, вклучително и во средата, освен евакуација на децата од најблиските населени места до границата.

„Во моментов не се дискутира за воведување вонредна или воена состојба“, изјави во средата портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.