Русија објави дека радијацијата се зголемила меѓу 4 и 16 по инцидентот на Архангелск

Нивото на радијација во градот Северодвинск на рускиот Далечен исток на 8-ми август се злолемило мешу 4 и 16 пати, по несреќата при тестирањето на мотор за ракет од морска платформа, објви во вторникот руската метоеролошка агенција, пренесе агенцијата ТАСС:

Министерството за одбрана пред неколку дена објави дека заднинското зраќчење останало на нормално ниви еден час по несреќата минатиот четврток, но градските власти на Северодвинск соопштија дека е регистриран кус раст на нивото на радијација. Организацијата Гринпис Русија тврди дела новот на зрачењето се зголемило 20 пати, додека руската метеоролошка агенција Росгидромет во вторникот објави дека се зголемима меѓу 4 и 16 пати.

Во соопштението руската нуклеарна агенција „Росатом“ во саботата објави дека во експлозијата смртно настрадале пет членови од нивниот персонал, и дека три лица се здобиле со изгореници. Се прецизира дека персоналот давал техничка помош за „изотопски извор на енергија“ на морот на проектил, додека армијата во своето соопштение не прециираше за каков вид двигател станува збор.

Во соопштението на „Росатом“ се прецизираше и дека несреќата се случила на поморска платформа и дека во текот на експлозијата неколкуте службеници биле отфрлени во морето. „Трагавме по нив додека имаше надеж дека ќе ги пронајдеме живи. Сега објавуваме дека пет соработници на Росатом смртно настрадале“, се додава во соопштението.

Непосредно по несреќата министерството за одбрана наведе дека се случила експлозија во текот на тестирање мотор за проектил со течен погон и дека двајца експерти им подлегнале на повред, па не беше јасно дали тие се вброени во бројката жртви која ја објави „Росатом“.

Воените власти објавија малку поединости за бесрелата во базата во близина на селото Бионикс, отворена 1954 година, специјализирана за тестови за проектили за поморската флота, особено за балистички проектили.

Војската и портпаролот на регионалниот гувернер во четвртокот објавија дека „нема радионактивно загадување“, но градската управа на Северодвинск, град со 190.000 жители оддалечени 30-ина километри иод базата, на својата интернет страница наведе дека е измерено „кусотрајно зголемување на радиактивност“.

Службеник на службата за цивилна заштита Валентин Багомедов изјави за агенциајта ТАСС дека нивото на радиоактивност порснала на 2.0 микросверта на час во текот на 30 минути, додејка дозволената изложеност изнесува 0.6 микросверти на час. Во саботата Гринпис Русија објави писмо на нукеларниот истражувачки центар кој ги донесува истите вредност, но тие траеле најмалку еден час, што и натаму не претставува опасност за здравјето на луѓето. Сепак, жителите на Северодвионск направиле резерви од јод кој се користат за намалување на ефектит од изложеност на зрачење.