Русија објави дека убила 180 странски платеници на воениот полигон во западна Украина

Во нападот на руските воздухопловни сили во центар за обука на укранската војска убиени се 180 странски платеници и уништени големи количеста вооружување коешто го испорачела западните и други земји, објави на брифингот во неделата портпаролот на руското министерство за одбрана, генерал-мајорот Игор Конашенков

Претходно во саботата украинските власти објавија дека најмалку 34 луѓе загинале а уште 134 се ранети во рускиот ракетен напад врз украинската воена база на ткна Меѓунарден центар за мир и безебедност Јаворив, на 25 километри од границата со Полска со површина од 360 квадратни метри, и е најголемиот во Украина и во тој дел од Европа.

Украинските власти потврдија дека претходно во таа база работеле странски воени инструктори, но фунцкионер на НАТО за Reuters изјави дека во базата сега немало припадници на сили на Алијансата.

„Утрото на 13-ти март со восокопрецизно оружје со долг дострел беа нападната центрите за обука на вооружените сили на Украина во селето Старичи и на воениот полигон Јаворив“, рече Конашенков.

Во овие објекти, според него, имало „пункт за обука и борбена координација на странските платеници“ пред да бидат испретени во подрачјата каде се водат борбени дејствија, како и база во којашто се складирало оружје и воена опрема којашто западните земји ѝ ја испраќаат на Украина.

„Уништувањето на странските платеници кои пристигнуваат на територијата на Украина ќе продолжи“, предупреди Конашенков.

Според него странските платицни во Украина изведуваат саботажи и напади врз руската воена техника и авијација, при што ги користата западните противтенковски системи „Javlin“ од САД и NLAW од Велика Британија, како и преносливите противвоздушни ракетни системи „Stinger“, за што е неопходна долга и сериозна обука.

Американката телевизија CNN пренесе дека бил извршен воздушен напад со 30 проектили врз полигонот во регионот на градот Лвов, каде што претходно биле изведувани обуки на украинските војски од страна на западни инструктори. Портпаролот на Пентагон, Џон Кироби, подоцна изјави дека немало американски војници во моментот на нападот врз полигонот Јаворив, тие го напуштиле пред две седмици.

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, прецизираше претходно дека вкупниот број барања на странски доброволци и платеници за учество во украинската ткн „Легија на странците“ се приближил речиси до 20.000 лица. Според него, станува збор за „искусни ветерани и доброволци од 52 земји“.

Руското министерство за одбрана ги повика странските државјани добро да размислат пред да се вклучат во украинските единици, бидејќи за нив нема да важи правото за заробување. Притоа објави дека украинските ултранационалисти и странските платеници, меѓу кои има и многи кои дошле од боиштата од Блискиот исток, се кријат зад цивилното население како жив штит и оти поседува снимки како распоредуваат тешка воена опрема во станбени населби во украинските градови.

Нападот следеше ден отакако заменикот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Рјабков предупреди дека конвоите со оружје коишто Западот ги испрача во Украина, ќе бидат сметани за легитимни воени цели на руската војска.

Доколку руските сили извршат напад врз западниот конвој кој доставува оружје за Украина, НАТО ќе го смета ова за причина да се повика на членот 5 од договорот на воениот блок, кој гарантира колективна самоодбрана на нејзините членки, изјави во неделата Алексеј Данилов, секретар за национална безбедност на Украина, наводно цитирајќи го генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Денеска Столтенберг даде изјава: ако еден проектил, еден куршум погоди конвој што испорачува оружје за Украина, НАТО ќе го смета тоа како причина за активирање за член 5 од Северноатлантскиот договор“, рече Данилов.

Но, ниту НАТО, ниту лично Столтенберг во неделата не дадоа никакви јавни изјави со кои се потврдува или негира тврдењето на Данилов.