Русија објави дека уништила уште 650 украински борци

Руските војски кои дејствуваат во Украина на страната на проруските сепаратисти во последното деноноќие уништиле 650 „националисти“, тврди во четвртокот руското министерство за одбрана на редовниот брифинг ден откако објави дека украинските сили загубиле 500 војници.

„Во воздушните, ракетните и артилериски удари, во изминатиот ден уништени се повеќе од 650 националисти, 17 тенкови и други оклопни борбени возила, три борбени машини од повеќекратните ракетни лансери ‘Смерч’, како и 17 специјални возила“, брифирале во Москва.

Во материјалот кој ги пренесуваат руските медиуми, кои не можат да се проверат од независни извори, се наведува и дека само во последните два дена 34-от баталјон на 57-та бригада на Вооружените сили на Украина којашто дејствува во источниот регион Донбас, претрпел загуба од 150 борци со уште 450 ранети.

Секоја група од оваа единици во моментов останува со не повеќе од 15 до 20 војници, а истовремено офицерите ги напуштаат своите подредени и дезертираа, тврдат од руското министерство за одбрана.

„Помалку од 50 отсто од живата сила останаа во едниците на 30-та механизирана бригада на Вооружените сили на Украина во близина на населбата Клиновое во Народната Република Доњецк како последица од ударот на руските сили. Уште повеќе од 170 војници и офицери се евакуирани од областа на борбените дејствија со тешки повреди“, се додава во објавата.

Покрај тоа, се наведува и дека во артилериските борби биле уништени осум украински ракетни системи „Ураган“ и 11 артилериски позиции од кои бил ракетиран Доњецк и другите градови во одментната проруска источна област на Украина.

„Високопрецизното оружје на воздушно-космичките сили во областа на Николаев уништи 49 резервоари со горива за воената опрема на украинските сили, како и 50 повеќекратни ракетни лансери сместени во хангари, вклучително и од странско производство. Во последното деноноќие со истото оружје беа гаѓани и три бази за ремонт на оклопна техника, четири командни места, жива сила и воена опрема во 18 региони“, додаваат од руското министерство за одбрана во дневниот брифинг.

Изминатиот ден во Украина дејствувала, според истиот извор, и руската борбена авијација, која извела операции во 96 области и уништила радарски систем во областа на Харков.

Ракетните сили на руската војска известител за напади врз 26 командни пунктови, 346 локации на концентрација на жива сила и воена техника на украинските сили. Цели биле и 58 позиции на украинската артилерија, меѓу кои вод од 115-милиметарски хаубици „М-777“ на Кубанско остров и вод на повеќекратните ракетни системи „Смреч“ во Новопокроевско во Доњецкиот регион, како и три мобилни командни пункта за беспилотни летала во областа на Николаев.

Во материјалот се додава и дека противвоздушните сили уништиле 21 украинско беспилотно летало, а била пресретната и ракета од комплексот „Точка-У“ во Харковската област и 22 проектили над Змискиот сотров.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.