Русија одговори на санкциите од ЕУ за случајот Навални

Русија во вторникот објави дека воведува реципрочни санкци против Европската унија на нејзините мерки против Москва, поради наводното труење на опозицискиот блогер Алексеј Навални, иако западните медиуми инсистираат да го претставуваат како лидер на руската опозиција.

Руското министерство за надворешни работи објави дека ја проширило листата на претставници на земјите членки на ЕУ за кои е забранет влезот во Русија, без да ги објави нивните имиња. Со тоа Москва одговори на санкциите кои ЕУ во октомври ги воведе против шест руски државјани, вклучително и против Александр Бортников, директорот на безбедносната агенција Федерална служна за безбедност (ФСБ), тврдејќи дека наводно се вмешани во наводното труење на Навални.

Притивмерките се воведени против службеници на амбасадите на Германија, Шведска и Франција, трите земји чиишто воени лаборатории наводно ги утврдиле трагите од боевиот отров „новичок“ во телото на Навални. Тој тогаш се наоѓаше во приватна болница во Берлин, која соопшти дека нашла наводни траги на труење но никогаш не го објави резултот, откако Москва овозможи да биде пренесен од болницата во Омск каде што Навални беше хоспитализиран по итното слетување на авионот откако му се слошило во текот на летот.

Трите руски лаборатории кои ги анализирале примероците од телото на Навални тврдат дека не нашле никакви траги на отров и уште од август бараат размена на биоматеријалите на пациентот, што Германија досега одбива да го стори. Москва денеска уште еднаш истакна дека без соработка на ЕУ нема податоци за отворање на кривична истрага за наводно труење, по онаа која уште во август ја спроведе по маршрутата по која се движел Навални на 20-ти август. Исто така, повеќе експерти од областа наведуваат дека доколку станувало збор за „новичок“, Навални сигурно не би преживеал, како и дека би биле загрозени и оние кои манипулирале со отровот.

Навални во понеделникот објави снимка од наводен телефонски разовор во кој наводен експерт на ФСБ за хемиско оружје, Константин Кудриавцев разговара за околностите околу наводниот обид за негово убиство. Наводно мислејќи дека разговара со некој разузнавачки функционер, Кудриацев рекол дека учествувал во уништување на докази дека Навални бил отруен со супостанца која му била нанесна на вешот.

Тоа е контрадикторно со тврдењата на западните лаборатории кои објавија видео во кое соработници на Навални, само неколку часа по неговото хиспитализирање во Омск, ги собрале шишињата со вода во хотелската соба во која тој престојувал во градот Томск пред да полета за Москва.

Од ФСБ реагираа дека станува збор за лажна снимка и провокација, којашто може да биде подготвена само со техничка помош на западните тајни служни.

„Пациентит очигледно пати од делириум на гонење… и одредени симпотоми на мегаломанија“, кусо коментираше портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.