Русија: Одлуката на ЕУ за Украина и Молдавија ќе има негативни последици

Русија денеска соопшти дека вчерашната одлука на лидерите на Европската унија за доделување статус на земји-кандидатки за членство на Украина и Молдавија, ќе има „негативни последици“.

„Иако може да поминат години за овие земји да се приклучат на европскиот блок, одлуката да се прифатат како кандидати е симбол на намерата на ЕУ да допре длабоко во поранешниот Советски Сојуз“, соопшти Москва, според Ројтерс.