Русија официјално протетстираше во УЕФА за политичките пораки на дресот на Украина

Руската фудбалска федерација објави во вторникот вечерта дека официјално протестирала во УЕФА со барање како мешање на политиката во фудбалот, а на што Европската фудбалска асоцијација жестоко реагираше секогаш досега, да го осуди новиот дрес со кој на ЕУРО ќе настапи Украина.

Дресот на украинската селекција е без преседан во кој и да е спорт и беше претставен во неделата, помалку од една седмица пред почетокот на континенталниот шампионат.

На него е аплицирана мапата на Украина со стратешки важниот црноморски полуостров Крим, кој е доминатно населен со руско население и кој по превратот во Киев во март 2014 година преку два референдума со над 96 отсто изгласа прво враќање на автономијата укината со украинскиот устав од 1990-те години по распадот на Советскиот сојуз и, со вториот, враќање во составот на Руската Федерација од која во 1954 година е издвоен со указот на поранешниот советски челник Никита Хрушчов. Рускиот парламент ја прифати одлуката на парламентот на Крим за присоединување, што Западот го смета за незаконска руска анексија на украинска територија.

На украинскиот дрес се ставени и зборовите „Слава на Украина! Слава на хероите!“, преземени од патриотска песна честопати интонирана во текот на превратот поддржат од Западот во 2014 година.

Најмногу поради овие зборови протестира Русија, бидејќи тие се химна на фашистичко-шовинистички групи во Украина кои во Втората светска војна се бореа на страната на фашистичка Германија, како во некогашниот Советски сојуз, а се обвинувани и за етнички масакри во сега соседните украински земји.

Рускиот фудбалски сојуз (РФС) е огорчен и во вторникот вечета објави дека на УЕФА сакале да ѝ го свртат „вниманието на користењето на политичките мотиви на дресот на украинската репрезентација коишто се косат со основните начела на Пописите за опремата на УЕФА“.

„Фудбалот е спорт кој секогаш мора да се држаи подалеку од политиката“, се наведува во соопштенеито на РФС.

„Со одобрувањето на ваквата опрема УЕФА создава преседан, бидејќи на претстојниот голем турнир би можеле да видиме како други земји се обидуваат да ги користат своите дресови за политички цели“, предупредуваат од руската федерација.

Селециите на Русија и на Украина на претстојното ЕУРО кое започнува по три дена, може да се сретнат најрано во четвртфиналето. Украина е во групата Ц со Македонија, а Русија е во групата Б.

Од своја страна, пак, украинскиот претседател Владимир Зеленски го пофали новиот дрес, објавувајќи во вторникот навечер фотографија на Инстаграм на која позира во новиот дрес.