Русија ослободи десет странци заробени во Украина со посредство на Саудијците

Русија во средата ослободила десет странци заробени во Украина, по посредувањето на саудискиот престолонаследник Мухамед бин Салман, објави саудиски функционер а хрватските медиуми објавија дека меѓу нив е и еден Хрват.

Меѓу ослободените се државјани на САД, Велика Британија, Шведска, Хрватска и Мароко, изјавил за Reuters неименуван саудиски функционер.

Додал дека авионот кој ги превезувал слетал во Саудискиот Арабија. Идентитетот на ослободените не е објавен.

Хрватскиот државјанин Вјекослав Пребег беше заробен како платеник во украинските единици во мај во Мариупол, и обвинет за воени злосторства и уривање на власта во самопрогласената проруска Народна Република Доњецк и му се закануваше смртната казна, пренесуваат хрватските медиуми, иако не сѐ уште не е потврден идентитетот на ослободениот заробеник.

На Хрватот во Доњецк му се судеше со уште еден Швеѓанец Матијас Густафсон и тријца Британци од кои едниот беше идентификуван како Џон Хардинг. На почетокот на јули британска непрофитна организација соопшти дека Дилан Хили, на 22 години, и 45-годишниот Пол Ури, биле заробени уште кон крајот на април, во југоисточната област Запорожје. Не е познато дали тие се меѓу ослободените.

Кон средината на јуни судот во Доњецк ги осуди на смрт Британците Ејден Еслин и Шон Пинер, како и Мароканецот Садун Брахим, за учество во паравоени формации против населението во самопрогласената народна република каде загинаа во последните осум години десетици илјади луѓе и речиси 600 деца, а уште илјадници други останаа осакатени.