Во Русија е отворена истрага за „голема измама“ за противникот на Кремљ Алексеј Навални, кој закрепнува во Германија откако беше отруен со нервниот отровот новичок.
Рускиот истражен комитет објави дека Навални е осомничен дека потрошил 356 милиони рубљи, околу 3,9 милиони евра, за лична употреба од донација собрана од повеќе организации, како здруженија кои се борат против корупцијата и ги штитат човековите права.
Комитетот наведува дека Навални ги искористил парите за „стекнување лични и материјални добра, како и за плаќање трошоци, вклучително и одмор во странство“.