Русија планира да заземе петтина од светскиот пазар на водородот

Русија има намера да заземе околу 20 отсто од светскиот пазар на водород, вели рускиот министер за енергетика Николај Шулгинов во интервјуто за списанието Енергетска политика.

„Русија има голем потенцијал за развој на водородна енергија, а употребата на новите технологии би требало да придонесе за градењето на компетитивноста не само во производството на водород, туку и за неговиот транспорт и складирање. Задача на земјата е да заземе околу 20 отсто од светскиот пазар на водородот“, вели Шулгинов.

„Мораме да ги разработиме прашањата за големо производство на водород, сладирање, транспор, Неговото производство може да се развива на база на природниот гас или нуклеарната енергија. Со тоа во врска, Русија има многу можности за разво. Главно е дека не стоиме, туку развиваме нови технологии. Амбнициозна е задачата да се заземе 20 отсто од пазарот, и таа цел не е за дискусија“, вели рускиот министер за енергетика.

Шулгинов, исто така, додава дека самите технологии за произвдоство на водород не се нови, и дека речиси секога рафинерија може да го произведува.

„Но сега е тешко да се каже како и по која цена же се продава ‘синиот и ‘зелениот’ водород, бидејќи пазарите штотуку се формираат. Притоа Русија планира да биде присутна на пазарите на сите видови водород“, заклучува министерот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.