Русија планира градење железница на Арктик

Рускиот претседател Владимир Путин ја задолжи владата да изнесе предлози за градење железничка пруга којашто ќе води до брегот на Баренцовото Море на крајниот северозапад на земјата, во согласност со плановите на Москва да го развие Арктикот кои предвидуваат и подигнување нови градови.

Еден од стратешките проекти на Русија започнати минатата деценија се развојот на арктичката област, каде е започната градбата на гасоводот во должина од 770 километри, а се одвојуваат големи средства и во рударскиот сектор и во обновување и воспоставување на воената инфраструктура.

Рускиот претседател Владимир Путин побара во саботата од премиерот Михаил Мишустин да „изнесе предлози за градење на железничка врска до Баренцовото Море“, соопштија Кремљ. Рокот за поднесување на предлозите е 10-ти мај, се додава.

Крајната дестинација на железницата би била во базата Индига, во арктичката област Ненец, каде што Русија во следниот период планира да изгради пристаниште коешто ќе биде во функција преку целата година. Развојот на северниот морски пат тесно е поврзана со рускиот напредок на Арктикот и Москва вложува голему суми во флотата на мразокршаци и танкери.

Во 2018 година, Финска и Норвешка, во обидот да одговорат на стратегијата на Русија, објавија дека заедничкии планираат градњее арктичка железничка линија којашто би одела од северот на Финска до брегот на Баренцовото Море.

Во настојувањата да го развие крајниот север богат со ресурси, руските власти летото 2020 година објавија дека ќе им овозможат на Русите бесплатно да добијат земјиште во арктичката област на земјата, за таму да ги изградат своите домови и да започнат бизниси, според нацрт-законот кој го подготви владата.

Во долгорочната стратегија за развој на земјата на претседателот Владимир Путин, рускиот дел од Арткикот има приоритет, како и обновувањето на тамошната инфраструктура, започната со повторното враќање на руското воено присуство во регионот и со обновување или градење нова пристанишна мрежа во обидот северниот морски превец да го направи важна поморска рута, која би настанала имајќи ги предвид проекциите на стручњаците во врска со глобалното затоплување.

Нацрт-законот кој го подготвило министерството за национални ресурси предвидува програма според којашто жителите на рускиот Арктик би можеле да добијат до еден хектар земјиште за таму да изградат куќа или да го користат за разни деловни активности, на пример за туризам. По шест месеци оваа програма, популарно наречена „поларен хектар“, би била отворена за сите Руси.

Според предлогот, секој акрктички регион би одредил земјишта кои ќе ги стави на располагање за програмата. Тие имоти ќе бидат дадени на пет години по коишто нивните сопственици би требало да се регистрираат како сопственици или да ги добијат во долгорочни наеми. Русија слична иницијатива покрена на својот Далечен исток во 2016 година, за да го поттикне економскиот раст и стандардот на населението во своите ретко населени области.

Од 2,5 милиони жители, околу 90 отсто од населението на рускиот Арктик, живеат во големите градови како Мурманск, Норислк и Архангелск, се додава во соопштението на министерството. Москва во периодот на Советскиот сојуз го јакнеше своето присуство во областа, но тамошната индустрија започна да слабее откако во 1991 година се распадна СССР што доведе и до пад на бројот на тамошното население.