Русија планира поставување противвоздушна „купола“ на Арктик

Русија планира вооружување на арктичките дивизии на Северната флота со противвоздушните ракетни системи „С-400“ со што ќе воспостави одбрена „купола“ на поларната област, изјави во понеделникот вицеадмиралот Алексеј Моисеев.

Русија во септември ги размести своите напредни одрбанбени системи „С-400 Триумф“ на архипелагот Нова Земја на далечниот север, а командантот на руската Северна флота изјави во понеделникот дека слични распоредувања ќе има ширум регионот.

„Планот е сите наши акртички дивизии да бидат снабдени со тавките системи следните години и над рускиот дел од Арктикот ќе биде воспоставена противвоздушна одбрана“, изјави вицеадмиралот Алексеј Моисеев.

„Тоа значи дека Арктикот ќе биде заштитен од секој вид неприајтелски воздушен напад, без разлика дали станува збор за авиони, крстосувачки или балистички ракети“, рече Моисеев во интервјуто за течлевизискиот канал Ѕвезда на руското министерство за одбрана.

Русија последните години го зајакнува своето воено присуство на Арктикот со градење нова најсовремена инфраструктура, обновување на пристаништата и воздухопловните бази, и развој на возила специјално наменети за поларни услови.

Другите земји, исто така, се обидуваат да го зајакнат своето присуство на Арктил, регион со огромно неискористено богатство од минерали. Тоа истовремено предизвикува стравување од јакнење на геополитичкото ривалство. САД ја обвинуваат Русија дека „асгресивно се однесува“ во поларниот регион и предупредуваат дека треба „будно да се следат потезите“ на Кина.