Русија подготвена да го прифати предлогот на ЕУ за взаемно признавање на вакцините

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, порача дека Русија е отворена за предлогот на Европската Унија за меѓусебно признавање на вакцините и сертификатите за имунизација против Ковид-19.

-Ајде да разговараме со Русија за взаемно признавање на вакцините и сертификатите – се наведува во неодамнешниот предлог на Европската комисија.

Европската агенција за лекови се уште нема одобрено употреба на вакцината „Спутник В“ во земјите од Европската Унија, но Унгарија и Словачка ја набавија најпознатата руска вакцина против корона вирусот.