Русија подготвена за една седмица на Хрватска да ѝ испорча милион дози од вакцината „Спутник V“

Русија може да достави милион дози од вакцината против коронавирусот „Спутник V“ во Хрватска во рок од една седмица, објави во средата дневнито весник Vecernji list, повикувајќи се на неофицијални извори.

Хрватската страна подготви документација за договорот. Руската амбасада во Загреб во вторникот извести за преговорите, наведувајќи, меѓу другото, дека на 2-ри март  се одржал телефонски разговор еѓу амбасадорот на Русија во Хрватскам Андреј Нестеренко и министерот за здравство Вили Берош, во кој било потврдено дека хрватската страна е заинтересирана за набавка на потребното количество од вакцината „Спутник V“, во согласност со целата регулатива на Европската унија и одредбите од хрватскиот закон.

Според Берош, можно е и без одобрувањето на Европската агенција за лекови (ЕМА), хрватскиот реуглатор HALMED да ги евалуира податоците според пропишата процедура, со 11 одредби, истакнувајќи дека станува збор за легитимен потег. Анализата ќе бара извесно време, но не станува збор за месеци туку за денови и седмици, истакна минситерот.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.