Русија поканета на Минхенската безбедносна конференција

Претседавачот на традиционалната годишна Минхенска безбедносна конференција, Волфганг Ишингер, истака дека руските челници се повикани да учествуваат на меѓународните разговори овој викенд.

„Изгледите всушност да организираме смислени разговори за тоа прашање во Минхен, секако, се многу поголеми доколку е присутен овластен претставник на руската влада која има дозволување да зборува“, изјави Ишингер во понеделникот во Берлин коментирајќи ја украинската криза.

Како потенцијални гости Ишингер ги именуваше рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, поранешниот премиер и претседател Дмитриј Медведев и претседателот Владимир Путин. Но „за жал, тоа е одбиено“, додаде.

На руските гости патувањето на конференцијата им ги отежнува и ограничувањата поради Covid-19, бидејќи вообичаено не се вакцинирани со вакцините одобрени во Германија. „Затао многу Русиј откажаа“, рече Ишингер.

Во петокот започнува Минхенската безбедносна конференција. Во сабота главните дискусии ќе бидат посветен на Украина, Русија и НАТО, а во недела на иднината на Европската унија.

Претставувајќи го во понеделникот „Безбедносниот извештај 2022“, Ишингер се пожали на колективната и, во одредена мера, научената беспомошност како одговор на многуте криза.

На самата конференција ќе учествуваат над 100 министри и повеќе од 30 шефови на држави и влада.

Минатата година конференцијата во Минхен можеше да се одржи само виртуелно. Годинава учесниците физички ќе се соберат, но во помал број и со строги епидемиолошки мерки.