Русија понуди пет услови за завршување на војната во Украина

Во петте точки рускот МНР нагласува дека целта е смена на марионетската влада во Киев и дека по воената операција Русите ќе се повлечат, бидејќи „не им треба украинската територија“, а понатаму ќе преговараат. Сепак, едно од барањата е сегашните Доњецка и Луганска Народна Република да ја прошират својата територија на целиот географски регион на Доњецк и Луганск.

Руското Министерство за одбрана вечерва ги претстави своите погледи или петте начини за решавање на ситуацијата во Украина.

Петте клучни точки на руското Министерство за одбрана се:

*Целта на руската операција во Украина е да се обезбеди демилитаризација и денацификација на земјата, како и да се изведе марионетскиот режим во Киев пред лицето на правдата за злосторствата што ги направил.

*Територијата на „Доњецката народна република“ и „Луганската народна република“ ќе се прошири до големината на регионите Донецк и Луганск.

*Русија нема намера да остане во Украина, ќе ги повлече војниците по завршувањето на специјалната воена операција.

*На Русија не и е потребна територијата на Украина, никој нема да ја окупира.

*Кога ќе бидат можни нови власти во Украина и ДНР и ЛНР ќе најдат заеднички јазик за преговори со нив.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.